Мехмети: Синоќешната рација е уште еден доказ дека Македонија е полициска држава

АКЦИЈА
loading...

Поранешниот член на шарената револуција и актуелен неизвршен директор во одборот на директори на „Македонски телеком“, Замир Мехмети, ја критикува синоќешната акција на полицијата во ноќните локали и реагира на апсењето на сопственикот на Сектор, Огнен Узуновски.

– Чекајте малку другари, ние дефинитивно НЕ се боревме за упади на вооружени специјалци по дискотеки. Тоа што се случувало синоќа низ Скопје е уште еден доказ дека Македонија сеуште е полициска држава. Ударот врз братот Ogi, е удар врз сите нас. Оги си ја стави главата во торба исто како нас и даде се од себе за конечно промените да дојдат. Излет беше отпорашкото место каде се спремаа сите балони, пушки со боја и се пишуваа платната. Синоќа сте го привеле без срам и без перде. Ова не смее да помине така. Поддршка до небо за братот Оги. Ако сте решени да апсите луѓе што се борат против кичот, тогаш бујрум уапсете ме и мене, напиша Замир на својот Фејсбук профил.

loading...