Како говореше Борис Трајковски

АКЦИЈА
loading...

„Но ние ќе разговараме да создадеме општество … засновано од индивидуалци, не од етнички групи, од граѓани, не од малцински групи“
Los Angeles Times, Недела, 13 Maj, 2001, стр. M3

„Да бидеш претседател и да бидеш свештеник е сосема иста работа. Мораш да ги соединуваш луѓето од различно потекло и со различни мислења. Луѓето се препираат и има многу навреди во црковните заедници исто така. Не треба само да им проповедаш, туку и да им служиш, да ги водиш, да страдаш со нив … Јас имам многу важна морална улога – да ги водам, да ги охрабрувам луѓето, да знаат што е добро, а што лошо и да ги натерам луѓето да си веруваат“
Los Angeles Times, Недела 13 Мај, 2001, стр. М3

„Како што повеќе пати реков во последните неколку месеци, ние мора да создадеме општество засновано од индивидуалци, не од колективни групи и граѓани, не етнички групи. Моја визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создеме општество засновано на доверба. Ние го правиме тоа, но тоа не е доволно само да се зборува за демократија, а истовремено да се дозволува цветање на криминалот и корупцијата. Не е доволно да се прифатат некои од слободите на капитализмот и слободната пазарна економија, а истовремено да се остават лошите одлики на стариот систем непроменети. Ова создаде малку богати за сметка на многу – и тоа е погрешно. Ние не само што мораме да ги спроведеме реформите во Владата, ние мораме да ги спроведеме овие реформи и во нашиот личен живот. Со други зборови, мора да го применуваме она што го зборуваме. Со тоа ние ќе создадеме добробит за многумина, средна класа. Тоа е клучот за нашиот успех.Успешна земја заснована на слободна пазарна економија јасно е дека е многу важна како главна потпора за сигурна и стабилна демократија. Со цел земјата да биде успешна мора да постои повисоко ниво на доверба кое ќе овозможи поголема економска активност и создавање на богатство.“
Говор одржан во Американската Стопанска Комора во Македонија, 2 Јуни, 2001 год.

“ Има многу што да се направи во Македонија и сите вие можете да помогнете. Микро кредитите и економскиот развој се на врвот на листата за да се вратат Македонските граѓани на работа. Силната економија ќе им помогне на сите граѓани на Република Македонија, а исто така ќе помогне да ги подржиме нашите соседи. Се вели дека плимата ги издига сите бродови, а истото е вистина и во Македонија.
Ако секој граѓанин на Република Македонија работи и заработува добра плата, тогаш нашите социјални проблеми и етнички тензии би се намалиле. Во исто време, развојот на граѓанското општество е од најголема важност. Развојот на невладиниот сектор е од витално значење Македонија да успее. Има многу можности за невладините организации да бидат инволвирани во области каде што Владата не може и не треба да биде инволвирана. Женските здруженија, младинските групи и организации кои помагаат на изнемоштените и хендикепирани лица, спортските друштва, организации за заштита на животната средина и верските организации мораат да бидат помогнати и да се развиваат. “
Извадоци од прием на невладини организации, 29 март 2000 год.

„Рамковниот Договор не е совршен, но ниеден договор никогаш не бил. Но тоа е најдоброто нешто што го имаме сега … Алтернативата е поделба во сите нивоа: граѓанска, етничка, политичка, генерациска … Алтернативата за мир е војна, која што ќе го изложи секого на масовни жртви, мизерија, како и губиток на перспектива за во иднина “
АФР, 31 август 2000 год.

„Кога зборуваме за развојот, ние исто така треба да зборуваме за подготовките на генерациите што доаѓаат, за тие да бидат вклучени во напредокот од глобалната економија во која информатичката технологија има доминантна улога. За оваа цел јас сакам да го промовирам проектот “ Визија за иднината “ со кој што ќе помогнеме учениците да добијат компјутерско образование. Имам ветување од странска донација со која ќе овозможиме компјутерска лабараторија во секое средно училиште. Ја повикувам Владата, сите заинтересирани институции и приватни компании да ми се придружат во реализирање на проектот “ Визија за иднината“.
Тука сакам да нагласам многу битен елемент во образовниот процес.
Прашањето на доверба стана опасно помеѓу младата популација во пост конфликтниот период, дури стана и вистинска закана за мирот и сигурноста во училиштата, улиците и други места. Одредени проблеми се појавија како реакција на зголемените тензии и емоции или ако би сакале фрустрации при одбивање или доминација на една група.
Во овој поглед, сакам да ја нагласам неопходноста од заеднички активности и одговорности од сите релевантни фактори и структури во наоѓањето конструктивни решенија за непречено исполнување на образовниот процес. Ја гледам улогата на образованието со важност и одговорност во создавањето заедница на љубов, дијалог, заедничко разбирање и почит кон различното. Образованието мора да допринесе во развојот на совеста потребна за создавање на мултиетничко општество во кое секој млад човек има можност да го реализира својот пат и развој со прифаќање и почит на другите во општеството, како и нивните разлики“
Говор во парламентот, 19 Декември 2002 год.

loading...