Рафаело бомбици од пудинг – Рецепт

АКЦИЈА
loading...

Ви предлагаме да ги послужите во секој дел од денот, за секоја пригода, за млади и стари – сите подеднакво ќе ги обожаваат и ќе уживаат во нив.

Потребни состојки:

  • 2 пудинзи со вкус на ванила
  • 5dl млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 200g путер
  • 200g шеќер во прав
  • 150g + 80g брашно од кокос
  • 80g печени лешници

Подготовка:

Пудинзите, шеќерот и ванилиниот шеќер сварете ги во млекото и оставете да се олади до собна температура.

Ставете пластична фолија и повремено мешајте за да не се направи кора.

Путерот и шеќерот во прав изматете ги додека не добиете пенаста смеса, па додајте ја во пудингот и измиксирајте. Додадете 150g кокос, измешајте и оставете во фрижидер да се олади и стегне.

Правете топчиња од оладената смеса, во средина ставете лешник и извалкајте ги во кокос.

Послужете со омилениот чај, после ручек или после слатко кафе.

Важно: Од овие состојки ќе добиете околу 70 топчиња. Ако ви се многу, секогаш може да ги преполовите состојките.

loading...