Несквик карамела торта – Рецепт

АКЦИЈА
loading...

Откако ќе видите како изгледа оваа Несквик торта нема да поминат повеќе од 2 секунди, а да не си го замислите кремот кој се топи во уста.

Можеби нема да биде готова додека трепнете, но ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута.

Потребни состојки:

За кори

7 белки
125g шеќер
2 кесички ванилин шеќер
180g печени лешници
2 лажици брашно
2 лажици какао
1 лажица Несквик
Прашок за печиво
100ml масло

За фил

1l млеко
7 жолчки
200g карамели
160g густин
150g шеќер + 1 ванилин шеќер
125g маргарин
200ml слатка павлака

За потопување

Млеко и Несквик

За глазура

200g Милка noissete
200ml слатка павлака
2-3 лажици Несквик

Подготовка:

Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.

На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.

Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.

Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.

Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.

За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.

Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.

Пресечете и уживајте!

loading...