Како ќе изгледаше најдоброто од Југославија на ова СП

АКЦИЈА
loading...

Речиси на секој голем настан, актуелна е темата околу Југославија, поранешната балканска држава која се распадна и која ќе беше спортска велесила да не дојдеше до поделбата.

На Мундијалот во Русија од екс-ју републиките играат Србија и Хрватска. „Орлите“ завршија уште во групната фаза, додека „коцкестите“ моќно ја минаа првата рунда, со три победи на три меча, меѓу кои една и над фаворизираната Аргентина.

„Скај“ пред стартот на нокаут-фазата реши да состави тим со најдобри фудбалери од екс-ју просторите и потсети дека земјата ќе беше вистински гигант, ако не го доживееше нејзиниот крај.

Во идеалната формација 4-2-3-1, меѓу стативите во идеалниот тим е Јан Облак од Словенија, потоа следат Симе Врсаљко (Хрватска), Дејан Ловрен (Хрватска), Стеван Савиќ (Ц. Гора), Александар Коларов (Србија), Немања Матиќ (Србија), Иван Ракитиќ (Хрватска), Миралем Пјаниќ (БиХ), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Србија), Лука Модриќ (Хрватска) и Един Џеко (БиХ).

Во тимот има простор за корекции, затоа што нема фудбалери од типот на Иван Перишиќ, Марио Манџукиќ, Стеван Јоветиќ… а засега, нема ниту еден фудбалер од Македонија.

Извор

loading...