Знам дека никогаш нема да бидам ништо друго освен Македонец

АКЦИЈА
loading...

Тодор Ношпал, објава не својот ФБ статус

ИСКРЕНО ОНАКА ОД МОЕТО СРЦЕ И ДУША МАКЕДОНСКА (накратко)

Драги мои пријатели и непријатели (иако не знам дека такви постојат).
Си седам на мојава тераса во Радишани, си го пијам кафево, дождов паѓа а јас си размислувам. Размислувам веќе подолг период дали згрешив и дали го утнав животов?

Како дете единец на мајка и татко (нека им е вечна слава прекрасни родители и луѓе) се борев со статусот единец и со сите маки и проблеми што тој ги носи. Мислам дека успеав да се изборам , благодарение на моите родители и на мојот карктер (кој уште го градам).
Имав одлична едукација (благодарение на родителите) знам и се резбирам од сите занати.
Се дружев со секој и секого, можев да бидам и прв хоштаплер и криминалец, можев да бидам и врвен политичар, можев да бидам што сакам, како и сите ние во таа СФРЈ.(само кој како тоа го сватил)

Решив да бидам Доктор, да им помагам на луѓето, да ги лекувам, да ги исправам на нозе. 32 години од мојот живот вложив во тоа и најискрено без никаква лажна скромност среќен сум што сум еден сум од најуспешните во мојата струка (не само во Македонија)
Во процесот на мојата едукација можев да работам и останам и во Америка и во Германија,
Не сакав, си ја сакав и си ја сакам Македонија. Ама не само што ја сакам туку и сакам да живеам тука. во Македонија

Се трудев во животот на никого да не му се замерам. Превев и грешки поготово на моја штета и на штета на мојот поудобен живот. Кога ќе погледнам наназад на овие 56 години гледам дека сепак сум задоволен од она што сум го постигнал и на личен, фамилијарен и на професионален план.

Целото ова го постигнав како Македонец од тако Владимир, дедо Тоде, прадедо Димитрија, прапрадедо Наум па се до Јон прапрапра…..дедо кој прв ја оформил фамилијата. Сите овие биле Македонци, за друго не се знае во фамилијата. Сите живееле на овие простори во Македонија, зборувале Македонски јазик, биле почитувани како Македонци, како луѓе припадници на еден Македонски Народ. Кој сум јас да газам по моите корени? Јас не сум дрво без корен. Што ќе мислат моите поколенија за мене ако прифатам било каква промена на моето име? Ако прифатам некојси понижувачки референдум за промена на моето име, под наводна демократија, некој си наметнат договор. Наметнат од страна на сомнителни личности. Кој и дава за право на Европа да раководи со мојот живот и да ми кажува како треба морално да живеам, кога знам дека

Европскиот морал е рамен со нула? Демократија во која се слуша само гласот на посилниот не е демократија. Кој му дава право на НАТО да раководи со мојот живот? Воена организација која сака да ги уништи сите останати кои мислат поинаку не може да биде фактор на мирот. Тие досега никогаш не ми мислеле мене и на моите сограѓани добро. Не сакам да бидам нула во вечната игра на животот, па ако треба и по цена на самиот живот.

Некој ќе рече, преку глава ми е веќе од овие хоштаплери и медиокритети и од СДС и од ДПМНЕ и од едикоја си газолижачка партија, кои систематски ја уништуваат државата. Некој ќе рече мора вака, сите „способни“ кадри ни се иселија од дражавава. Јас ќе одговорам сега, ако оваа глупост со името помине и ако 2025 не прими Европа без име и неспособните ќе се иселат, како пола Бурагија и Хрватска.

Тоа ти е сами сме си криви што на разни говеда и шушљупаци им дадовме да ја водат државата, додека други ги бесеа на улица.

Почитувани мои сограѓани од сите вери и народности, во Македонија сите имавме соживот и почитување, живеевме убаво, сега сме на работ на бездната, некој од петни жили се труди да не уништи, да ја доврши работата започната пред еден век. Ве замолувам од дното на мојата душа, размислете, не се предавајте не го давајте вашето право на живот и самоопределување доброволно. Да се избориме за нашата иднина како што ни доликува во име на нашите предци и на нашите поколенија. да покажеме дека сме народ за респект кој секоја ебана педерска „демократска“ држава во Европа ќе го почитува и ќе го прифати како рамноправен.

Да кажеме НЕ на калкулантскиот и предавнички договор, да кажеме НЕ на било какви договори и референдуми за она што веќе е наше: Името, јазикот, идентитетот, Македонската душа.

Јас знам дека никогаш нема да бидам ништо друго освен МАКЕДОН-МАКЕДОНЕЦ, тоа им го должам на моите предци, а и моите деца се воспитани во Македонскиот дух.

loading...