Цената на стујата намалена за „рекордни“ 0,1%

АКЦИЈА
loading...

На сметки во висина од илјада денари, струјата поевтинува за смешен еден денар. Регулаторната Комисија за енергетика одлучи цената на струјата да се снижи за незначителни 0.1 отсто. Пониската цена ќе почне да важи од 1 јули годинава. Од Регулаторна велат дека падот на цената е минимален поради воведувањето на евтината тарифа, односно бидејќи потрошувачката значително се зголемила во тој период, па компаниите имале помали приходи.

По ваквата одлука, дилемите во јавноста се дали власта купува социјален мир во пресрет на целосната либерализација на пазарот кога според очекувањата цената ќе се вивне нагоре. Регулаторот тврди дека ќе немало големи ценовни шокови. Но нејасно е како се очекува цената да остане иста кога признаваат дека трошоците на трговците и снабдувачите со струја ќе им бидат значително поголеми.

Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти.

Како што информираа вчера од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

loading...