Сведоштва на македонски туристи на Халкидики погодени од поплавите

АКЦИЈА

Дожд врнеше цел ден, но никој не очекуваше дека ќе не снајде таква поплава. Почна да влегува вода и во апартманот, но кога ја отворив вратата да видам колку вода има во дворот, во апартманот наеднаш навлезе многу вода, и продолжи да се полни, немаше време ништо да земеме, само најважното и веднаш излеговме, раскажува една скопјанка која невремето што ја зафати Грција ја затекнало во вила на шест километри од градот Никити, на вториот крак на полуостворот Халкидики кој најмногу беше погоден од поплавите, пренесува Слободен печат.

Во тој регион се поплавени голем број на вили и хотели, особено апартманите и собите сместени на приземјата. Голем дел од туристите чии апартмани биле поплавени, се вратиле во Македонија, иако агенциите им понудиле да го променат сместувањето и да останат до крај на аранжманот.

– На приземјето во вилата каде бевме сместени имаше два апартмани. Водата од дворот ги поплави апартманите, внатре имаше сигурно 80 сантиметри вода. Наеднаш се наполни, како од сите страни да влегуваше вода, додека се свртев имаше вода до половина. Веднаш ги земав децата и баравме од каде е полесно да излеземе, дали од врата или преку прозор. Се ни се поплави, храната, облеката, чевлите, дури не можев ниту две апостолки да си најдам за да излезам од собата. Страшно невреме беше, иако ни понудија да се преместиме и да останеме, немаше услови за тоа, се ни беше поплавено, немаше што да облечеме – раскажува нашата читателка која била сместена во вила во местото Ормос Панагија, едно од најпогодените.

Таа вели дека овој одмор, кој го прекинала после вториот ден, ќе го памети цел живот и веројатно уште долго време нема да го посети вториот крак повторно. Туристичката агенција преку која биле заминати за Грција, за конмпензација им понудила нов аранжман за следниот месец на првиот крак.

loading...