Ќе изгубиме сè на почеток и нема да ја постигнеме целта!

АКЦИЈА
loading...

Затоа цело време зборувавме и главната порака на 200те беше – не брзајте! Прво реформи, а не договор за името! И со договор може да нè сопираат на секој чекор; ќе изгубиме сè на почеток и нема да ја постигнеме целта!

Добро утро! Ај уште еднаш … Прво, погрешно е да се тврди дека Европскиот совет донел одлука за почеток на преговори со МКД!

Кога европскиот Совет носи ваква одлука, заклучоците се вакви:

„On enlargement, the European Council endorsed the Council’s conclusions and recommendations of 25 June 2013. It decided to open accession negotiations with Serbia.„ (Одлучи да почне преговори со Србија – 27/28 Јуни 2013 Заклучоци на Европски совет).

Кај нас вчера реши следно:

„the Council agrees to respond positively to the above progress made by the former Yugoslav Republic of Macedonia and sets out the path towards opening accession negotiations in June 2019“ (се согласи да одговори позитивно на прогресот и да направи пат кон отварање на преговори во јуни 2019 – 26 јуни 2018 Заклучоци на Европски совет).

Значи одлука НЕМА!

Второ, се овластува ЕК:
(i) јасно да следи и известува напредок на реформите, и
(ii) нејасно да почне подготовка за преговори.

Зошто тврдам дека последното е нејасно што ќе прави ЕК? Зашто не дава јасна слика што ќе биде резултатот од подготовката. Кога Советот одлучува да почне преговори ЕК подготвува рамка за преговарање (еве во заклучоците за Србија од 2013 јасно се кажува „the negotiating framework will be adopted by the Council and confirmed by the European Council at its usual session on enlargement.„).

Во случајот со МКД Советот не ја задолжува ЕК да подготви рамка за преговори, нити го обврзува Советот дека ќе ја усвои и потврди истата …. нејасно е и што тогаш треба да се направи во нашиот Парламент и да се потврди од Европскиот Совет ….. „The Council recalls that the decision to open accession negotiations with the former Yugoslav Republic of Macedonia will be subject to completion of national parliamentary procedures and the endorsement by the European Council„.

Затоа цело време зборувавме и главната порака на 200те беше не брзајте! Прво реформи, а не договор за името! И со договор може да не сопираат на секој чекор; ќе изгубиме сè на почеток и нема да ја постигнеме целта! Нашите политичари нè убедуваа дека сме ретроградни, а види тоа сме биле визионери …. сме гледале шест месеци порано што ќе биде исходот.

Марија Ристеска
Center for Research and Policy Making

Преземено од офф.нет.мк

loading...