Кампањата веќе започна: Заев повика за „да“ на референдумот

АКЦИЈА

„Јас сум Македонец и ве повикувам сите – Македонци, Албанци Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други, ама сите – да кажеме ‘да’ на нашата иднина“.

Оваа порака напишана на македонски и на албански јазик ја објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил.

За многумина повикот се смета за почеток на кампањата за претстојниот референдум за името.

Според најавите, тој би требало да се одржи на крајот на септември или во почетокот на октомври.

loading...