Смачено нѝ е од „вмровците по професија и потреба“, треба ново партиско раководство

АКЦИЈА
loading...

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ:

Вчерашниот ден беше уште еден понижувачки ден за Република Македонија. Европската унија по којзнае кој пат ја понижи Република Македонија со одлуката преговорите за членство на Република Македонија да започнат дури во јуни 2019 година, оценува Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ и повикува на итна оставка на владата на Зоран заев и распишување нови избори за да се стави крај на, како што велат, идните дополнителни самопонижувања.

Од Фракцијата го критикуваат и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ и сите чесни и искрени вмровци се згнасени од вчерашната изјава на нелегитимниот и наметнат лидер Мицковски, како и од немањето конкретен став по ниту едно прашање. Откако ‘вмровците по професија и потреба‘ го слушнаа условниот датум за отпочнување на преговори, побрзаа и „целосно” да застанат зад одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција.

Досега молчеа, кокетираа и манипулираа со јавноста и членството и потајно го молеа господ претседателот Иванов да ја потпише ратификацијата, во обидот да не се замерат со меѓународната заедница. Во преден план им беше исполнување на цензусот за референдумот, односно исполнување на условите од договор Заев – Ципрас, а притоа да останат со ‘чисти раце‘. Полна им беше устата со флоскулата ‘не го менуваме Уставот, заради промена на името‘, а потајно посакуваа и работеа на промена на името и заштита и пазарење за оние кои ги донесоа на партискиот врв.

На ВМРО и на Македонија ѝ е смачено од вакви ‘пресметливи‘ политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби. На ВМРО и вмровците потребно им е ново и легитимно партиско раководство избрано од членството кое има свои принципиелно зацртани црвени линии и ставови за заштита на државата, името на државата и националните интереси. На вистинските вмровци побитна им е државата и народот отколку удобните државни фотелји, потребно им е раководство кое ќе застане пред народот, а не да се крие од него.

loading...