„Само вистина“: Не е битно како ќе гласаат, граѓаните мора масовно да излезат на референдумот

АКЦИЈА
loading...

Не е битно како ќе гласаат, но граѓаните мора масовно да излезат и да го искажат своето мислење преку референдум, се согласија вечерва и Владимир Божиновски и Љупчо Зиков, кои вечерва во „Само вистина“ дебатираа за договорот со Грција и што тоа значи за иднината на Македонија.

Според Божиновски, референдумот треба да е задолжителен и организиран во перфектно чиста ситуација и фер услови, а особено важно притоа е и самото референдумско прашање да биде прецизно и јасно, да не предизвикува забуни за грагѓаните за точно да знаат за што гласаат.

– Прашањето на референдумот треба да гласи „Дали сте за промена на името, со цел влез во НАТО и ЕУ“ – смета Божиновски.

За Зиков ова е историски момент за Македонија.

– Македонија стави на маса голема жртва, но патот кој го фати е стратешки важен и во суштина ја менува иднината на земјата, и тоа треба граѓаните да го прочитаат и сходно на тоа да гласаат. Знаете кој ќе бидат најголемите блокатори на преговорите со ЕУ? Во 30 години оние што во транзицијата направија многу пари, а во приватизацијата поминаа доста добро – изјави Зиков.

исечок „Само вистина“ 28.06.2018

Љупчо Зиков и Владимир Божиновски во #СамоВистинаЗиков и Божиновски во „Само Вистина“ ги вкрстија аргумените дали Македонија доби датум односно условен датум во 2019 или не. Двајцата дебатираа што ќе значи позитивниот исход од референдумот.со оценка дека многу е важно партиите да обезбедат консензус и да повикаат на излезност, независно како граѓаните би гласале..Според Божиновски референдумот треба да е задолжителен и организиран во перфектно чиста ситуација и фер услови,а особено важно притоа е и самото референдумско прашање да биде прецизно и јасно, да не предизвикува забуни за грагѓаните за точно да знаат за што гласаат. Во таква ситуација и власта и опозицијата и Претседателот би можеле да се обединат околу одлуката, изјави Божиновски. Ова е историски момент за Македонија, немаше да биде така доколку не беше поврзано со повисоки цели,членство во ЕУ и Нато, така го гледам Договорот со Грција.Македонија стави на маса голема жртва, но патот кој го фати е стратешки важен и во суштина ја менува иднината на земјата, и тоа треба граѓаните да го прочитаат и сходно на тоа да гласаат, изјави Зиков. Повеќе за реформите, ЕУ , Нато, Договорот со Грција и референдумот, погледнете го најновото издание на „Само Вистина“ со Зиков и Божиновски ► https://youtu.be/odq_yk7KjuM

Публикувахте от Канал 5 Телевизија в Четвъртък, 28 юни 2018 г.

loading...