Република Условена Македонија!

АКЦИЈА

Условена Македонија!

Второто, односно веќе третото име на Македонија е условена држава! Условена од сите и од секого, од внатре и од надвор!

Од внатре, по избори условена не зависно од вољата на народот, туку од интересите на главниот амбасадор, вистинскиот премиер во државата кој ги држи на узда партиите, а посебно албанскиот фактор во земјата, па така час важи Мајскиот договор за формирање влада, час не важи и е условен со некои други правила што се создаваат во момент, во од.

Условена од бескичменоста на политичари кои би дале се за функција ама ништо за интересите на народот!

Условена од албанските вечни идеи содржани во Тиранската платформа и нивната се уште силна идеја за живот во Голема Албанија!

Условена од рекетарите на Заев кои 24/7 не ги оставаат на мир бизнисмените од уцени и притисоци, условена од партизирана и неспособна администрација која сработува само она што е за интересите на партиите, а не и за граѓаните!

Условена од надвор од сите соседи да менува се што е во своето битие, се што е во корен, се што значи Македонско! Условена од нелегални дополнителни услови за членство во ООН, во ЕУ, НАТО…
УСЛОВЕНА ОД СЕ!

Република Условена Македонија!

loading...