ФБ СТАТУС на Богдан Богданов: Непринципиелни скрибомани

АКЦИЈА
loading...

Непринципиелни скрибомани

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се спроведуваше Закон за промена на имињата на улиците и плоштадите низ Република Македонија. Тогаш, интелектуалците -скрибомани се растурија од реакции против промената на имињата на улиците. Образложенијата беа од историска природа, заради зачувување на традицијата, дека тоа ќе ги чини граѓаните пари заради промена на личните карти итн.

Така на пример, Влатко Стефановски зборуваше (пишуваше?) дека нетреба да има промена на името на неговата улица во населбата Тафталиџе во Скопје (Прашка ли беше?, Варшавска ли беше?). Образложението му беше (патем, со што се согласувам) дека улиците во неговото Тафталиџе се именувани во знак на благодарност кон државите кои дадоа значаен придонес во обновата на Скопје разрушен од земјотресот во 1963 година. На крајот, сепак, имињата на улиците во Тафталиџе останаа не променети. Значи, секоја улица си ја задржа душата и својата историја.

Актуелната Влада на СДСМ го промени името на државата Република Македонија во Република Северна Македонија. Каде се сега тие исти интелектуалци – скрибомани да напишат некој збор против промената на името на Државата? Каква недоследност. Не е сменето името на кучката на Заев! Сменето е името на нашата Држава!

Да се вратам на Влатко Стефановски. Тој својата музичка кариера ја градеше во Република Македонија. Дали него му е поважно името на неговата уличка од името на Државата? Со промената на името на Државата значи ли дека Влатко се преселил во друга држава? Или тоа е некој друг Влатко со друга историја? Или останал во својата уличка и се спрема да твори нова постудена музика?

ФБ СТАТУС НА БОГДАН БОГДАНОВ

loading...