Цуцуловски: Не се плашам што нема да влеземе во ЕУ и НАТО

АКЦИЈА
loading...

Не се плашам што нема да влеземе во ЕУ и НАТО. Се плашам што со октроираниве ќе загубиме сè што е македонско, без да влеземе во ЕУ и НАТО. Дека, поинаку кажано, ќе останеме со прстот во уста, дури и без влажен лилихип, како на општа распродажба.

Сега, кога се „реши“ проблемот со Грција, како проблем за влез во ЕУ и НАТО се јави Франција. Оној момент кога Франција ќе омекне, некоја друга држава ќе се узјогуни. Кога и таа ќе омекна, некоја трета држава ќе се узјогуни. Кога и таа ќе… Така, сè до оној момент кога ќе сфатиме дека проблемот не е кај другите, туку кај нас – во нашата несфатлива упорност по секоја цена да се влезе во ЕУ и НАТО.

Од Фејсбук профилот на проф. Љубомир Цуцуловски

loading...