Тодор Петров: ПЛЕМЕТО ИДА

АКЦИЈА
loading...

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

(Инспирација од колумната “Да се биде племе Македонци или цивилизирани Северномакедонци!“ од Ида Протуѓер Вељковиќ, во порталот фокус.мк од 25 јуни 2018 година, https://fokus.mk/da-se-bide-pleme-makedontsi-ili-tsivilizi…/)

Кога Ида Протуѓер би била советник за живот, самата таа вели била едуцирана во таква школа, сите нејзини пациенти би биле мртви, затоа што нејзиниот совет е: Племето не се луѓе!

Затоа, на нејзината определба “Да се биде племе Македонци или цивилизирани Северномакедонци?“ прашањето: “Ида, мајка ти и татко ти во кое време те родија и пораснаа, за да бидеш толку безобразна, во племенска Македонија или во твојата виртуелна цивилизирана Северна Македонија?“

За жал, Ида, твоите родители те пораснале верувам со љубов во племенска Македонија, но во твојот виртуелен свет на Сорос си се претворила во предатор на Македонците и на Македонија!

Затоа, да те доедуцираме на предизвикот на кој сакаш да дадеш одговор “Која е разликата помеѓу предавник и патриот?“

Разликата во мисла, Ида, е демократија. Но и кај тие кои те едуцираат за советник за живот постои едно основно правило, санкционирано и со нивниот Кривичен законик: Оддавањето на државна тајна е кривично дело предавство, а продавањето на државата е кривично дело велепредавство! Патриот е тој што си ја сака татковината, како што си ја сака фамилијата, бидејќи татковината е нашата поглема фамилија. Само тој што си ја мрази фамилијата неизбежно ја мрази и татковината. Пронајди се пред огледало сега ти самата, бидејќи за другите си веќе прочитана.

Македонците не се виновни што Зоран Заев самиот рече дека ним, на социјалдемократите, не им приличи повеќе да бидат патриоти! Дури потврди, штом го прими мандатот за состав на Влада на 17 мај 2017 година, пред медиумите во претседателската резиденција на Водно, дека СДСМ повеќе не се македонска партија! За да заврши на 17 јуни 2018 година со: Договорот Димитров-Коѕиас е патриотски чин?! Каде е патриотизмот на Зоран Заев, за ти да ни продаваш демагогија дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата е патриотизам и цивилизација, а љубовта кон државата и нацијата е племенска предрасуда?

И, се разбира, не се труди да ни докажуваш дека “Предавството е врвен чин на патриотизам и доблест, од времето на Аристотел“. Или поедноставно, племенски кажано, Ида, нема алтернатива за нашиот земен живот! Алтернатива на животот е смртта. И таа е неизбежна по законите на природата и биологијата, ама вреди да се живее додека Господ Бог ни го дал да го има! За жал, предавството не е демократија, предавството не е алтернатива за живот! Предавството е омраза наспроти љубовта, омраза кон своето племе и татковината!

Кај старите, племе значи сој. Баба ми знаеше да каже, синко оваа не е од нашто племе! Сакаше да каже не е од нашиот сој. И можеби е точно, Ида, ти не си од нашето племе, затоа лесно го продаваш името на нашата, но очигледно НЕ и твоја татковина Македонија! Затоа, реши се од животната дилема, пронајди се парче земја во светов и крсти си ја Цивилизирана Северномакедонија. Ама, мислам, таму никој нема да ти дојде на гости, затоа што патриотизмот во твојата виртуелна држава ќе биде предавството и омразата, наспроти патриотизмот и љубовта!

– “Името не го даваме“ не се мачка на леб за да ја прехрани нацијата, – вели Ида.

Па, Ида, тебе и на леб да те мачкат ни кучињата не те јадат. Твојата точка на топење е предавството на племето и татковината.

И за крај, во нејзината колумна опседната со омраза кон племето Македонија, Ида вели “Да излеземе од античкиот период на Александар Велики (каде што се колеле меѓусебно) и да влеземе во сегашниот, 21 век!“ Значи, ако Александар Македонски е наш ние сме племе кое меѓусебе се коли, ама ако кажеме Александар Велики бил Грк ние сме цивилизирана Севрномакедонија? На оваа небулоза на Ида и во Бардовци се смеат…

Ах, мори, Ида, ах мори Ида! Ода ида, ода ида… Е, вејки на ветрот секогаш има, една од нив е оваа, не од нашето племе, која се вика Ида…

 

loading...