Секој ден од Македонија си заминува по еден доктор

АКЦИЈА
loading...

Само во првите четири месеци од годинава државата ја напуштиле 110 лекари, покажуваат официјалните податоци од Лекарската комора на РМ. Според статистиката која денес ја објави рефлектор, во просек секој ден по еден доктор си заминува од Македонија.

Тоа се лекари кои се обратиле во комората и побарале потврда за нивниот статус. Во последните седум години, вклучително и првото тромесечје од годинава, државата ја напуштиле 1207 лекари.

Бројот на лекари кои заминуваат да работат во странство драстично започна да се зголемува од 2011 година и незапирливо расте. Лекарите, особено младите уште на факултет посетуваат курсеви по германски јазик и најчесто одат да работат во земјите од ЕУ , како Германија, Австрија, Скандинавските земји, како и низ цел свет.

Најчеста причина за масовниот одлив на лекарите во странство се ниските плати и лошите услови за работа во јавното здравство. Се претпоставува дека бројот на лекари кои заминале да работат во странство е многу поголем бидејќи тие што студираат во други земји или на пример во соседна Бугарија немаат потреба да бараат потврда од Лекарската комора бидејќи патот кон ЕУ им е директно отворен.

loading...