Не го фрлајте бајатиот леб, претворете го во вкусна пица!

АКЦИЈА
loading...

Не само што е греота да фрлате леб, макар и сув, туку ќе пропуштите да го претворите во вкусно јадење.

Потребни состојки:

1 ладен леб
4 јајца
400 мл јогурт
100 мл масло
прашок за печиво

Потребни состојки за фил:

сирење, кашкавал, шунка, маслинки (количина по вкус)

Начин на подготовка:

Во длабок сад се мешаат јогуртот, прашокот за печиво и маслото. Потоа се додава лебот исечкан на коцки. Се меша за да се соединат сите состојки. Во смесата се додаваат состојките за фил. Сè заедно се промешува и се распоредува во претходно намастен плех за печење. Врз пицата се додава кечап и оригано. Се пече 15 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.

loading...