Која друга држава има пројавено интерес за „моделот на решавање на спорови“ на Зоран Заев?

АКЦИЈА
loading...

Зоран Заев продолжува со лагите во кои никој не верува.

Во телевизиското гостување Зоран Заев рече дека Македонија испорачува модели за решавање на спорови.

Го повикуваме Зоран Заев да и одговори на јавноста која држава има пројавено интерес за неговиот модел на решавање на спорови со кој се руши Македонија и Македонците.

Одговорот е – ниедна држава, бидејќи во вековната историја на државите не постои нормална држава која самата се обезличила со промената на име, идентитет, јазик, култура и воопшто избришала се што е поврзано со државата.

Единствена Македонија повторно го потсетува македонскиот народ дека нема да успее пеколниот план на Зоран Заев за рушење на се што е македонско. Во секое зло, добро!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 26 јуни 2018

loading...