Шилегов вели дека има 26 ѓубрарки, а реално располага со 87 нови камиони

АКЦИЈА

Извор: Јоци.мк

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, вчера изјави дека „Комунална хигиена“ располага со само 26 камиони за собирање на ѓубрето низ градот и 6 камиони за миење на улици. Во смисла дека Скопје е најутепаниот град во светот, а тој допрва ќе го оправал.
Изјави и дека во ,,изминатите 10 години не е купен ниту еден камиони за подигање отпад или миење улици”.

За волја на вистината, Шилегов, не ја информира јавноста со точни податоци и факти. Напишани се безброј текстови за купените нови камиони од неговиот претходник, Коце Трајановски, бидејќи се набавуваа и презентираа во етапи. Сумирано, претпријатието е опремено со фул опрема, а сепак метрополата на Шилегов му тоне во ѓубре. И заради тоа е и најкритикуван и е земен ,,на заб” од граѓаните, заедно со неисполнетите ветувања за чист воздух зиме.

Според извештајот на претпријатието, презентиран на седница на Совет на Град Скопје во март годинава, ,,Комунална” располага со вкупно 165 возила, од кои 83 се специјални возила со различен капацитет за подигање на смет плус 4 мали камиони. И нивната просечна старост е 8 години, поточно беа набавени во изминатите десет години.

Види фото:

Во однос на камионите за миење на улици, вистината е дека претпријатието располага со 15 цистерни плус 13 метлачки и машини за миење на улици.

Види табела:

loading...