Росоклија: Ми велат да не се мешам во македонските работи зашто не живеам во Македонија

АКЦИЈА
loading...

ВЕРА И НАДЕЖ, А БОГАМИ И ЉУБОВ

Ми се јавува пријателка да ми сугерира, ,,да не се мешам во македонските работи бидејќи не живеам во Македонија, инаку таа се согласува со моите ставови.“

Знаете она кога и викате на жената од која сакате ,,нежно“ да се ослободите, дека многу ја сакате, ама ете, не можете да бидете со нејзе. Двајцата знаете дека е лага, но таа врз вашата лага сака да гради надеж за во иднина, вие со лагата сакате да се ослободите од нејзе, но да немате чувство на вина.

Тоа што со целата моја наобразба во врска со човековиот ум не успевам да го разберам е следново.

Нам, што сме надвор од Македонија но и во Македонија, што немаме никаков друг интерес освен да ја сочуваме татковината, не ни верувате?

Но им верувате на тие што не продаваа и не продадоа нас и Македонија? Им верувате на нивните гласноговорници, нивните ,,новинари“, нивните ,,експерти“, нивните ,,интелектуалци по функција“…

Дали вашите животи во Македонија се поквалитетни откако се овие на власт?
Не се?

Со секој ден животот ви е сѐ помизерен?

Сепак, верувате дека утре, истиве овие што од ден во ден ви го прават животот сѐ помизерен, ќе ви го направат убав?
Како?
Со договор кој не брише од постоење како народ?
Нема да постоиме, ама животот во Македонија ќе ви биде убав?

Или не им верувате на овие денес но им верувате на оние што до вчера ви ги правеа животите мизерни?

Вистинска вера базирана на надеж! Нешто како кога му се молите на Господ да ви ги реши животните проблеми или барем да добиете на лото.

Нам, што немаме никаков интерес, нам што никој не не плаќа да кажеме што мислиме, нам што сме со единствена цел да ја запазиме Македонија за вас, за нас и за генерациите што доаѓаат, за да почнеме заедно да градиме нормално општество, не ни верувате?

Но им верувате на тие што живеат меѓу вас и само затоа што живеат во нашата татковина, се однесуваат како да имаат ексклузивно право на сопственост врз татковината, ексклузивно право да ја распарчаат, ексклузивно право да ја уновчуваат што рака на срце го прават одлично.

Мора да постои и љубов кога им давате право сите да не избришат од постоење?

loading...