Евтин специјалитет од пржен леб и сирење

АКЦИЈА
loading...

Едноставно и брзо се подготвува, а секогаш ќе барате парче повеќе…

СОСТОЈКИ:

1/2 леб исечкан на парчиња со големина на залак
1/2 главица кромид или 1/2 струк праз
150 гр солено сирење
100 мл масло
прстофат црвена пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кромидот или празот излупете го и исечкајте го ситно, па пропржете го на масло во длабока тава додека не омекне. Додајте исечкан леб и издробено сирење, измешајте, па на крај додајте и пипер.

Пржете уште минута-две со непрекинато мешање и јадењето е готово! Посипете го со уште малку рендано сирење и послужете со ладен јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Готви.мк

loading...