Албанците низ светот собираат пари за да им ја платат казната на Џака и Шаќири

АКЦИЈА
loading...

ФИФА одлучи да парично да ги казни репрезентативците на Швајцарја Џердан Шаќири, Гранит Џака и Стефан Лихтштајнер за покажување на албанскиот орел во прославата на головите против Србија.

Швајцарија ја победи Србија со 2-1 со головите на Џака и на Шаќири кои потоа ги славеа погодоците покажувајќи орел со рацете. Овој потег наиде на жестока реакција кај навивачите во Србија кои бараа жестоки казни и суспензија за фудбалерите на Швајцарија. Сепак, ФИФА на крај одлучи тие да добијат само парични казни.

Џака и Шаќири ќе мора да платат по 10.000, а Лихтштајнер 5.000 швајцарски франци поради покажувањето на албанскиот орел. Но, овие пари по се изгледа нема да одат од џебот на швајцарските играчи бидејќи на сето тоа се вклучија навивачите од Албанија.

На нивна иницијатива, Албанците од целиот свет покренаа акција за собирање на 25.000 франци бидејќи сакаат тие да ја платат казната за играчите на репрезентацијата на Швајцарија.

Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека албанските навивачи со овој оваа акција сакаат да искажат почит кон играчите на Швајцарија кои на специфичен начин ги прославија головите. Ваквиот потег на Албанците наиде на големи симпатии во Швајцарија.

Екипа.мк

loading...