Зоран и Заев: Мајстори за себедемантирање (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Потписот во Нивици со кој се прекрсти Македонија не само што носи бришење и промена на Уставот, туку ги промени и ветувањата на премиерот Зоран Заев, јавува Алфа Телевизија.

Потписот во Нивици со кој се прекрсти Македонија не само што носи бришење и промена на Уставот, туку ги промени и ветувањата на премиерот Зоран Заев. Ќе биде премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишано во Договорот, рече Заев во изјава за национален медиум пред неколку дена па се поби самиот за она што го говореше изминативе неколку години.

Освен уставната ревизија која беше и камен за сопнување во преговорите, нема повеќе да има МАНУ, МРТ, МНТ, АРМ… Со Договорот, имињата на сите јавни институции, државни, културни организации финансирани од државата, ќе бидат дефинирани со терминот „Северна Македонија”, односно ќе станат Aкадемија на науките и уметностите на северна Македонија, Радио телевизија на Северна Македонија, Армија на Северна Република Македонија и така натаму. Дефиницијата за „Македонија” се укинува“, па оттаму сите придавки „македонски“ стануваат „северномакедонски“, признава премиерот.

Ставовите на премиерот Зоран Заев за проблемот со името се менуваа и по неколклупати. Во мај минатата година велеше дека што и да се случи, за оние држави кои земјава ја имаат признаено под уставното име ќе останеме Република Македонија.

Вака премиерот Заев говореше и пред две години, а најчесто за пример ги земаше Соединетите Американски држави.

Ама откако телефонски си се договорија со Ципрас за името,Заев изјави дека ќе ги информира сите земји членки на ОН, и оние кои не не признале под уставното име, но и оние кои не признале, дека името на Република Македонија се менува во Република Северна Македонија.

Во меѓувреме примената на новото име – Република Северна Македонија ќе се одвива во фази. Ќе има и промена на сите лични документи –пасоши, возачки, лични карти.

Владата се испазари за нешто што воопшто не беше ниту предмет на преговори низ годините, па отсега не само во македонските учебници туку и на сите патокази, во сите документи грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. За Србите и Бугарите Солун ќе остане Солун, но за Македонците односно граѓаните на Северна Македонија ќе биде Тесалоники.

loading...