Украинка предлага и Русија да си го смени името

АКЦИЈА
loading...

Превземено од МКД.мк

Украинската писателка Лариса Никој предложи Русија во иднина да се вика „Московија“.

Таа предлогот го објаснува со тоа што коренот „рус“ наводно бил украден од Украинците.

„Вие и јас всушност сме Руси, а тие се Московити. Московското царство со указ на Петар Први се нарекло Рус. Замислете Германија денес да се разбуди, а Франција издава указ – од денес сме Германија“, вели писателката.

Според нејзиното тврдење, царицата Катарина Втора издала указ според кој сите што себеси се нарекуваат Московити морало да бидат казнети со тепање.

„Тоа е историски факт, го има во музеите“, рече Никој, не наведувајќи од кој извор ги презела овие информации.

Лариса Никој е позната по провокативните изјави за рускиот и украинскиот јазик. Во февруари ѝ предизвикаа вознемиреност киевчани што зборуваа на руски јазик, а во јуни предизвика скандал кога слушна руски говор во зградата на украинската безбедносна служба, објави Спутник.

loading...