Твитови за името: „Лесно му било на Гоце Делчев со учителска плата…“

АКЦИЈА
loading...

“Лесно му е на Гоце Делчев со учителска плата да заговара востание. Дај да го видам со 2 лири месечно нека живее” – прапрадедо на гласен поддржувач на името Северна Македонија. @OffDutyComedian

Идеалот беше да влеземе во еу со македонски пасош. Со пасош на друга земја можевме и претходно. @ViksaaSkool

Уште едно прашање до @zoran_zaev и @NDimitrovMK, која ви е гаранцијата дека Грција ќе го почитува договорот откако ќе смениме сè? Пошо и у времената спогодба од 1995 се обврзаа дека нема да не попречуваат за влез во меѓ.организации, а реално нè попречуваат. @Mrchatina

Во Македонија полесно се менува име на држава отколку патни трошоци за пратеници и функционери. @nuclearboy10

Во СЕВЕРНА Македонија хит ќе биде Т’га за југ. @ConteMarioMarco

И што да ѝ правам сега на тетоважава Илинденска Македонија? @Shkottt

 

– Како се викаш?
– Македонка, а ти?
– Југослав.
– Дојди да плачеме заедно. @Starecot

Ако не застанeте на страната против промена на името и негирање на нечие право за самоопределување, не може да браните никакви други права. Над сè и пред сè тоа се ебани европски принципи. Тоа е најевропското нешто шо може да го направиме. @ViksaaSkool

Какви твитерџии има, дури и Саше Политико изгледа нормално. @otsutna

Сега по најново националист ќе бидеш ако земјава ја викаш Македонија. @pipovski

Денес си седев со баба ми, раскажуваше како поминала низ сите пеколни денови во војната со Грција. Зборуваше низ солзи како и го убиле 22год.брат без никаква причина, како не смееле да зборуваат на македонски јазик итн. И сега дојде ред некој после сè да му прави ќејфот на Грците. @Crnokosa123

 

Извор: ОФФ.нет

loading...