Тајани се издаде: Сепак се можни прифатни центри во Македонија

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани ги предупреди членките да не водат егоистична миграциска политика.

-Можни се прифатни бегалски центри на Балкан, во Албанија или Македонија, вели тој и додава дека пристапот кон прашањето на доселениците не смее да води кон уништување на ЕУ.

„Ако секоја земја-членка се раководи само од својот сопствен интерес, ќе дојде до распад на Унијата“, рече Тајани.

Тој ги потсетува закараните коалициски партнери во германската Влада дека миграцијата не е „чисто германски проблем“, дека под силен притисок се и Италија и Грција:

Самитот на ЕУ е закажан за 28. и 29. јуни. Германската Христијанско социјална унија планира непосредно по него да го дефинира своето натамошно постапување во однос на бегалската политика во спорот со канцеларката Ангела Меркел, кој се заканува да ја „торпедира“ германската Влада.

ЦСУ на канцеларката ѝ даде рок до самитот да постигне европско решение за барателите на азил, во спротивно министерот за внатрешни работи од оваа партија, Хорст Зехофер, е подготвен да започне со враќање од германските граници на азилантите кои претходно се регистрирани во друга членка на ЕУ.

Инфомакс.мк

loading...