И по Кацарска, пак Кацарска: Судот во хаос, Прибе е нарачка, АКМИСОТ оправдување, системот разбиен

АКЦИЈА

Судијката Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април лани.

Од судот информираат дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

 

Минатата година во телевизиска дебата Кацарска откри дека во Кривичниот суд се делеле предмети рачно, а не според електронскиот систем на избор.

Кацараска ги судеше предметите „Тенк“ и „Поткуп“, во првиот случај поранешниот премиер Никола Груевски доби двегодишна затворска казна, а актуелниот премиер обвинет во вториот случај доби ослободителна пресуда. Во издвоена постапка Кацарска ѝ суди на Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“.

Кацарска е судијка и во случаите на СЈО „Триста“ и „Транспортер“.

Ако досега не беше сигурно дека судството е под целосна контрола на СДСМ и Зоран Заев, сега веќе се е јасно. Според медиумите блиски до власта, судијката која го осуди Груевски на две години ќе им суди и на обвинетите за тероризам од 27 април по случаен избор на АКМИС системот.

Според информации на Инфомакс, поранешната ВД претседателка на Кривичниот Суд Тања Михајлова спречила обид за лажирање на АКМИС системот бидејќи подолго време наназад судиите блиски до Зоран Заев правеле обиди да го нарушат работењето во Кривичен и да прикажат дека се вршени злоупотреби создавајќи хаварии во судот. Проблемите ги правеле самите лично или преку стручните соработници, меѓу овие судии блиски до Заев и СДСМ се судиите Весна Димишкова, Седат Реџепагиќ и Добрила Кацарска која го осуди Груевски. Меѓу овие судии е и долгогодишна пријателка на Кацарска, Славица Андреевска која определи притвор за битолскиот градоначалник Талевски.

Судијата Андреевска во конспирација со преседателот Џолев сега ја местат и ја обвинуваат поранешната ВД претседателка Тања Михајлова пред судскиот совет бидејќи спречила ваков обид за лажирање на АКМИСОТ со местење на предмет на СЈО во кој обвинителката Лиле Стефанова од СЈО на почетокот на 2017 година барала претреси и притвори за Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловск. Обвинителката Стефанова од СЈО и судијата Славица Андреевска пред крајот на работното време се затвориле во канцеларијата на судијата Андреевска каде обвинителката Стефанова тајно околу 15.00 часот ги донела предлозите на СЈО за притвор за погоре наведените и бидејки судијата Андреевска тој ден после 16.30 требало да биде дежурна чекале да помине време за да предметот по дежурство го добие судијата Андреевска а не според АКМИСОТ некој друг редовен судија. Во 16.00 часот Андреевска иако уште не било започнато дежурството побарала бројче од дежурниот службеник и започнала да работи надвор од АКМИСОТ, координирајќи се со Кацарска и Зоран Заев кои и тогаш а и сега го координираат и контролираат судството.

Во текот на денешниот ден кога Кацарска, беше определена да им суди на обвинетите за 27 април, во Кривичниот Суд се барале изјави и се вршеле разни видови на притисоци врз вработените во судот. Според добро упатени извори наводниот ,,експерт’’ Рајнхард Прибе е само нарачка која требала да го отвори патот за Зоран Заев и СДСМ да го превземат македонсото судство.

loading...