Мерсел Биљали: Заев е цунами! Цунами што сака да ја избрише солзата од сечие око

АКЦИЈА

Сиромашно сирaче дете, видно огладнето, свратилодо една куќа за да побара што и да е за јадење. Но, штом на врататасе појавила жена со жесток поглед,тоасе уплашило и побарало само чаша вода. Но, жената приметила дека детето е многу гладно, па наместо вода му донесла голема чаша со млеко. „Жалам, ама немам со што да ви платам“ срамежливо прговорило сиротото дете. „Нама потреба, мајката не подучила дека добрините не треба да се наплаќаат„- одговорила жената.

После многу години, младата жена тешко се разболела. Никаков лек не и помогнал. Па морале да ја однесат во главната трансилваниска болнице кај познатиот доктор Howard Kelly. Тој со екипата го направилневозможното и ја спасил жената. Но, жената сега знаела дека доживотно ќетреба да работи за да ги покрие огромните болнички трошоци. Кога и ја донеле сметката, на ќошот на хартиајта пишувало – „платено со полна чаша млеко“. Тажните солзи станале солзи радосници.

Оваа тажно-среќна приказна ме потсеќа на нашиот актуелен политички амбиент кога на ептен сирота и сиромашна држава и е потребна чаша млеко, а некои упорно настојуваат животот да го третираат како нешто што е полошо од смртта.Не убедуваат дека првин треба повеќе пати да умреме за потоа да поживееме. Едните помагаат, а другинастојуваат сирачето да го навредуваат и понижуваат. Со кратки умови и долги ножеви сакаат да не убедат дека е гордост при бистра вода да се умира од жед. Нели самите „детето“го доведоа до гревота. Му го уништијаживотниот сон, за да создадат нивен живот од соништата. И сега наместо капка од вистина, ни нудат река од лаги.

Договорот од агол на интересите на државата е над максимално очекуваното. Се отстапува една компонента, а се добиваат три. Отстапка за географската одредница (Северна), а се добиваат три (Македонија, јазик, нација). И најголемите оптимисти не го очекувале тоа. Грижата за малцинството и да не постои во Уставот, е начело на меѓународното право.И Албанија е пред договор со Грција. Мора да отстапува – 12 миљи море (околу 20 километри);да ги авансира правата на грчката заедница во Албанија;да премолчува за Чамите (масовно протерани и одземени имоти). А Грција треба само да го укине Законот за воена состојба и да помогне во интегрирањето!!!

Денес, повеќе од кога и да е, државата во улогата на детето има потреба од сите нас. Таа е изнапатена, малтретирана, ограбена, газена и бара помош. Тоа некој упорно го одбива.Изгледа сеуште за вмровското ткиво, и најдобриот лек се третира како отров.Го навикна членството да живее во страв и омразата. И велат Заев е цунами !

Да, цунами е во кршењето метафизички табуа. Цунами е во уривањето ѕидови и градење мостови. Цунами отисака да избрише солза од сечие око. Цунами оти од светските„непријатели“ направи најголеми помагачи. Дури и од самите Грци.Софија и Атина како повеќегодишни кочничари стана главни агитатори за ЕУ и НАТО.

Дочитајте ја колумната на Либертас.мк

loading...