Македонија може да го менува името колку сака, тоа нема врска со ЕУ проширувањето

АКЦИЈА
loading...

Франција и Холандија силно се противат на отворањето на пристапни преговори за Македонија. Истото важи и за Албанија – соопшти грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за време на безбедносната конференција на Грчкиот остров Родос

Министерот пред новинарите изјавил дека, во заедничкото писмо на Германија, Франција, Холандија, Данска и Луксембург е „поставен проблемот“ за интеграција на Македонија, но и за некои други земји, имплицирајќи на Албанија.

– Во меѓувреме, три од овие пет земји – Луксембург, Данска и Германија се повлекоа од овааг рупа, и повеќе не се противат на преговори за членство така силно како останатите две, Франција и Холандија, вели Коѕијас, истакнувајќи дека ова е главната тема на разговорот со неговиот колега од Албанија, Дитмир Бушати.

Освен Франција и Холандија, Данскиот премиер минатата недела отворено изјави дека неговата земја ќе ги блокира преговорите за членство во Брисел додавајќи „Македонија може да го промени името колку пати и да сака, нивното име нема ништо со нашето противење за членство во ЕУ“.

Во Македонските медиуми никој не ја пренесува оваа информација, имајќи во предвид дека Зоран Заев вети членство во НАТО и ЕУ, па на провладините медиуми ваквите информации не им одговараат.

Инфомакс.мк

loading...