СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: Бев сведок на преговорите во времето на Трајковски и Црвенковски, подобар договор не можеше да добиеме, референдумот ќе успее

АКЦИЈА
loading...

Мактел: Професоре, кој е вашиот став за договорот со Грција?

Пендаровски: Видете, јас бев записничар во кабинетите на Трајковски и Црвенковски и лично бев сведок на сите преговори за името и можам да ви кажам дека сите грчки премиери отворено ни кажуваа дека не им паѓа на памет во грчкиот парламент да предложат договор во кој ќе се признае македонски јазик и македонски етнос, ниту со додавка дека е словенски, дури и Јорго Папандреу кој важеше за најмек кој нас, па со оглед на тоа можам да кажам дека овој договор е рамен на чудо. Ќе беше и подобар да не беше 10-годишното лудило на Груевизмот, тогаш немаше да мора да го менуваме и уставот и останати тешки одлуки кои моравме да ги прифатиме, но сепак и ваков договорот е навистина нешто одлично.

Мактел: Дали личното пријателство на Заев и Ципрас и довербата меѓу нив помогнала да се дојде до договор?

Пендаровски: Не многу. Пријателството може да помогне за добро да си поминете во кафана или дискотека, но за вакви тешки политички преговори потребно е нешто друго, а тоа е храброст и политичка визија и гео стратешка помош од големите сили. Заев и Ципрас се политичари од новата генерација на Балканот, они не патат од популизам и опседнатост со историјата, повеќе се прагматичари, разумни, свртени кон европеизиран балкан. Исто така и Русија ни помогна со тоа што се вмеша на балканот па ги испаничи САД и Германија, да ве потсетам дека за прв пат имаме руски партии во земјава, тоа сме го немале 30 години. И затоа имаме моменти како денешниот каде шефот на стејт департмент му се јавува на францускиот колега и прва тема е интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, дури потоа е тема Сирија и останатите светски проблеми…

Мактел: Професоре ајде ве молам објаснете од каде сега Франција стана најголем кочничар на Македонија, ова падна од небо?

Пендаровски: Се работи за следново, Макрон се гледа себеси за иден лидер на ЕУ, Меркел е пред политичка пензија, и тој сака да стане политичкиот фактор кој ќе диригира во ЕУ, втора причина е тоа што догодина во мај се изборите за евро пратеници и Макрон сака да ја сруши ЕПП како владејачка пратеничка група во европскиот парламент, и затоа сака се да биде закочено до мај 2019-та, тек потоа ќе се откочи се според него. Но тоа не значи дека нема да влеземе во НАТО, за ЕУ малце ќе се помачиме со Франција.

Мактел: Дали Италија ќе биде следен наш кочничар со оглед дека и тамо дојде некаква десничарска влада која личи многу на она што го имаме во Унгарија, и дали Орбан ќе почне да не кочи?

Пендаровски: Не, бев лично во Италија овие денови и Италија највисоко на агендата го има ставено интеграцијата на балканот во ЕУ, особено Албанија како нивен историски партнер.

Мактел: Дали договорот успеа затоа што ЕУ ја притисна Грција со псоледната кредитна транша или пак Грција одигра вака затоа што имаше економски интерес од отворена граница и поголема размена на туристи и стока за да излезе побрзо од кризата?

Пендаровски: Ни едното ни другото. Мислам дека ако немаше сериозна спремност од наша страна за компромис и со тоа и сериозни попуштања од двете страни, немаше да има договор. Но Заев покажа храброст и Ципрас реши да го прифати понуденото, големи се шансите таква храбра понуда никогаш да не добие еден Грчки премиер, но истото важи и за нас. Едноставно двата премиери ја согледаа шансата и понудија решение кои нема да им наштети премногу на двете земји а во исто време ќе го затвори проблемот кој им стоеше на врат толку долго време а најмногу ни наштетуваше нам затоа што не држеше изолирани и закотвени на дното.

Мактел: Што мислите за референдумот, дали ќе успее?

Пендаровски: Да, мислам дека ќе успее, освен ако ВМРО ДПМНЕ навистина не се помачи да не успее, во што не верувам. Мислам дека етничките Македонци самите ќе гласаат во мнозинство ЗА договорот и со тоа и влез во ЕУ и НАТО, ова го велам според она што го гледам пред собрание овие денови, многу е мала бројката на противници на договорот. А кај малцинствата таа бројка ќе биде над 90% во корист на ЗА договорот на референдумот.

Мактел: Треба ли Заев да му понуди на Мицковски еден договор според кој ќе ги поделат ловориките ако земјата влезе во НАТО и ЕУ а за возврат ВМРО ДПМНЕ да не го кочи референдумот и уставните измени?

Пендаровски: Заев сигурно веќе тоа и го има понудено, иако не сум детално запознаен, он не пати од слава, суета, одмазда и ордени, погледнете колку толеранција има кон Иванов после се што направи овој штетник. Но не знам дали Мицковски ќе ја прифати таа понуда, сеуште мислам дека он не ја контролира ВМРО ДПМНЕ во целост и тоа е голем проблем. Иако секој нормален лидер на опозиција би прифатил ако премиер ти понуди заедно да ја земете во Брисел приемницата во НАТО, исто и со стартот на преговорите за членство во ЕУ, но со нашите ВМРО ДПМНЕ никогаш не знаеш што ќе направат.

Мактел

loading...