Државата финансира 3.500.000 денари за нов бизнис од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата

АКЦИЈА
loading...

Размислувате за бизнис? Инвестирајте во рибник! Државата дава финансиска поддршка во висина до 3 и пол милиони денари.

На 9-ти јуни 2018 година Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018-та година.

Средствата се наменети за изградба на нови капацитети, прошорување, реконструкција и модернизација на постојните објекти за аквакултура, како и изградба на нови капацитети за преработка на рибите и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.

Од Агенцијата информираат дека финансиската поддршка ќе се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции во висина од минимум 50 проценти до максимум 65 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Максималниот износ на финансиската поддршка изнесува 3.500.000 денари за рибарство и 10.000.000 за аквакултура. Јавниот повик трае до 9-ти јули 2018 годин

loading...