Видео рецепт – Италијанска солена торта од компири со топен кашкавал

АКЦИЈА
loading...

Кој вели дека за да зготвите нешто вкусно ви треба цел список намирници и многу време поминато во кујна?

Оваа солена торта по италијански рецепт го докажува спротивното.

Во случајов, се прави со пршута и топен кашкавал, но вие може да ја наполните со што и да сакате или имате дома.

Потребни состојки:
500g сварени компири
150g брашно
1 јајце
100g пршута
100g рендан кашкавал
Сол и зачини по желба
Масло
Подготовка:
Сварете ги компирите и од нив направете пире. Додадете ги брашното и јајцето и направете тесто. Поделете го на два дела.

Ставете малку масло на тава за пржење и загрејте. Ставете го првиот дел од тестото, добро распореден како дебела палачинка.

Наполнете со состојките кои ги одбравте, во случајов пршута и кашкавал.

Покријте со остатокот од тестото.

Пржете неколку минути од една страна, а потоа превртете со помош на чинија.

Сервирајте со кисела павлака, сосови или свежи салати.

Извор

loading...