Скопје звучеше феноменално со звуците на „Квин“ (видео)

АКЦИЈА
loading...

„Квин симфони шоу“ синоќа го наполни Градски парк со љубители на безвременската музика на „Квин“. Млади и стари дечиња со своите родители, вљубеници во песните на култниот британски рок бенд, но и случајни минувачи беа дел од многубројната публика која вчера вечер во еден глас ги пееше хитовите: Bohemian Rhapsody, We Will Rock You, We Are the Champions, I want to break free, Radio Ga Ga, The Show must go on, Who wants to live forever…

И времето вчера беше на наша страна и феноменалниот концерт на Македонската филхармонија со Queen Real Tribute band на нозе во прекрасна атмосфера го слишаа илјадници скопјани. Скопје звучеше величенствено со звуците на Queen, a Градски парк никогаш не изгледал подобро.

На сцената во парк настапија: „QUEEN REAL TRIBUTE“, оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет под диригентство на Милош Јовановиќ (Србија).
„Queen real tribute“ е еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор. Во состав на бендот се: Иван Ристановиќ – вокал; Ненад Бојковиќ – гитара; Иван Дерфи – бас; Радош Чапин – тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот!

Во изедбата на „Барселона“ на сцената им се придружи нашата првенка на Операта, Весна Гиновска Илкова која со одличната изведба придонесе за уште повеличенствен звук на овој безвременски хит.

loading...