Рецепт – Пица ролат

АКЦИЈА

Често се случува да сакаме да направиме нешто и на крај да сфатиме дека некако сме замесиле малку повеќе тесто од потребното.

Pica-rolat-01

Овој пица ролат е идеално решение за таквите ситуации.

Само развлечете го тестото во кора, додадете малку кечап, кашкавал и некој сувомеснат производ и веќе имате брза и лесна вечера.

Состојки:
600 g бело меко брашно
2 јајца
1 коцка свеж квасец
150 g маргарин
300 ml топло млеко
1 лажица масло
1 лажица шеќер
1 лажичка оригано
1 лажичка сол
200 g кашкавал
200 g шунка (или друг совемеснат производ)
100 ml кечап
Начин на подготовка:
Во млака вода додадете го квасецот и мешајте со жица. Во друг сад ставете го брашното, солта и маргаринот исечкан на листови и убаво измешајте.

Во садот со млеко додадете го шеќерот и маслото и едно јајце и убаво измамете со жица.

Потоа млекото и квасецот додадете ги во садот со брашното и маргаринот и замесете тесто.

Оставете тестото да нарасне околу 30 минути. Кога ќе биде готово ставете го на набрашнета површина и поделете го на два дела.

Тестото развлечете го во кора и врз неа додадете кечап, шунка и кашкавал, кулен, чајна…

Преостанатото јајце измамете го со виљушка и премачкајте ги краевите на кората.

Потоа свиткајте ја кората во ролат. Повторете ја постапката и со другото тесто.

Готовите ролати исечете ги на парченца со дебелина од околу 3 сантиметри и печете ги во плех обложен со хартија околу 30 минути на 200°C.

loading...