Рецепт – Колач без шеќер и брашно

АКЦИЈА

Највкусниот колач од природни состојки..

Се приготвува навистина многу лесно, а доаѓа дури од Јужна Америка. Брзо се прави, уште побрзо се јаде – а еве што ќе ви биде потребно за него:

Намирници:

– 4 јајца
– 2 портокали
– 200 грама ореви/бадеми/лешници – вие одберете
– 200 грама кокос
– пола кесичка сода бикарбона

За филот:

– 100 грама темно чоколадо
– 200 мл павлака за готвење

Подготовка:

Најпрво потопете ги портокалите во раствор од соба бикарбона и оставете ги да стојат половина час. Потоа варете ги околу 30-тина минути додека не омекнат. Сомелете ги во блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови (претходно сомелени) и сосема малку сода бикарбона.

Смесата блендирајте ја додека не се изедначи, а потоа ставете ја да се пече на 200 степени околу 20-тина минути.

На шопрет загрејте ја неутралната павлака за готвење и во неа додајте го чоколадото кое полека ќе започне да се топи. Истурете го преливот врз колачот и … добар апетит!

loading...