МН: Името е идентитет – има ли некој право да го промени името и идентитетот?

АКЦИЈА

Нашиот сосед ги ,,прекрсти“ топонимите од Македонски во Грчки, но успеа ли да ги избрише Македонските спомени и македонскиот идентитет? Продолжувајќи ја истата политика на БРИШЕЊЕ на Македонскиот идентитет ја подготви и пласираше играта ,, Спорот за името“- прекршувајќи ги сите нормативи и декларации навредувајќи го при тоа националниот, јазичниот и културниот идентитет на Македонскиот народ.

Името е идентитет, на личност на нација на држава. Кога се менува името се менува идентитетот. Имаме ли потреба да го промениме нашиот државен идентитет?

Премиерот Никола Груевски зазеде став- Нашиот интерес не е на некого нешто да му одземеме. Ние не сакаме ништо што е туѓо. Ние не сакаме туѓи територии, не сакаме туѓа историја, не сакаме туѓа култура и туѓа цивилизација. Но бараме и не сакаме да ни го земат тоа што е наше и тоа е нашата борба во овој дел. Јас им благодарам на сите граѓани што ни помогнаа да опстоиме во одбраната на националните и државните интереси. Ние ќе продолжиме да бараме решение. Сакаме да најдеме решение, но тоа да не биде на штета на нашите интереси – тоа е ставот на Груевски. Но и ставот на илјадници Македонци, на сите Македонци кои ја сакаат и почитуваат својата земја, држава, национален идентитет.

Идентитет не е категорија која што се признава: тој се почитува или не. Смешно е да се бара гаранција за нечиј идентитет. На Атина не и’ пречи името на државата: и’ пречат Македонците. Тоа што зборуваме Македонски јазик, што имаме Македонска култура, историја, традиција… Доколку Атина јавно каже дека сме Македонци, проблемот исчезнува. Дури откако тоа ќе се сфати, може да се разговара што е за нас прифатливо, а што не. Без тоа се’ е неодговорна лицитација.

Во Македонија во сите историски времиња има патриоти кои имаат лавовска сила и знаат да се борат за зачувување на Македонија, за зачувување на нацијата, за зачувување на името Македонија и нашиот Македонски идентитет.

Ако идентитетот и јазикот остануваат, зошто се менува името на државата? Новото државјанство и непреведениот јазик ја покажуваат целта: да се разнебити се’ наше македонско за да се отвори место за новите, измислени грчки „Македонци“

Ако се разговара само за името, ако остануваме Македонци и името е само за (по)надвор, како што не’ уверуваат, зошто да нема македонско државјанство? Зошто да се обезличи јазикот? Ним им е јасно (нам?) дека со промена на името се разнебитува македонизмот кај нас. Пасошите ќе мора да бидат со прекрстената држава и новото државјанство, сета извозна документација, ќе мора да доаѓа од новата држава, ќе мора да менуваме Устав и се’ друго – Македонско.

Немаме ли ние еднакви права како и сите други народи во светот?

Да се дознае нечие име значи да се стапи во врска со носителот на името, да се запознае неговата внатрешна суштина.

Македонците не сакаат да бидат било што друго освен, Македонци!

Во време на демократија во Европа, повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некму му одговара да фалсификува историја, да ги занемарува фактите, да го брише Македонскиот национален идентитет и Македонската нација и држава.

Ова е протестната изјава на Македонците од дијаспората- Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и барањето за промена на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла членството на Македонија во овие сојузи на држави! Прашањето за државното име Македонија не е спор меѓу владите во Скопје и Атина, туку спор на ЕУ и НАТО со наци-фашизмот и расизмот на Елада и тие тоа самите треба да го решат безрезервно и безалтернативно!

Македонците и натаму очекуваат Соединетите Американски Држави да останат доследни на својата одлука за признавање на Македонија под нејзиното име од 3 ноември 2004 година, а американската администрација во духот на стратешкото партнерство со Македонија да се воздржи од притисоци за промена на државното име Македонија!

Приоритети на македонската политика се разбира дека се безбедноста, развојот, градењето на вредностите и интеграцијата во НАТО и ЕУ, но како Македонија, Македонци и на македонски јазик!

Еве што ни се случи во последните години-

На 7 април 1993, Советот за Безбедност, го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817. Резолуцијата е внимателно напишана и во нејзе се вели дека:

Референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia” е привремена референца и се користи се додека спорот не се реши

Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.

Терминот е за користење само во Oбединетите Нации и не е обврзувачка за било кои други организации

Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.

На 3.4.2008., на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција ја блокираше поканата за Македонија за членство во НАТО. И покрај категоричното залагање на неколку водечки земји за приемот на Македонија, а пред сè на САД, Грција не даде согласност за покана на Македонија, образложувајќи го тоа со лошите соседски односи поради нерешениот проблем со името Македонија.

На 17.11.2008., Македонија покрена тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека со попречувањето на приемот во НАТО Грција директно го прекршила членот 8 од Времената спогодба, кој предвидува дека Грција нема да го попречува членството на Македонија во меѓународни организации. Разгледувањето на тужбата е во тек, и треба да заврши најдоцна 4 години од тужбата.

А сега се зборува на широко за двојната формула. Некој упорно прави каша. Само не ми е јасно кој ќе ја срка….

Македонска нација објавено 2010г

loading...