Лесни чоколадни коцки (Видео)

АКЦИЈА
loading...

Во сезоната на јаготки, гледаме да ги искористиме колку повеќе можеме, на повеќе различни начини. А, мора да признаеме дека во комбинација со чоколадо – ни е омилениот начин.

За овој рецепт ви требаат неколку едноставни состојки и почетнички способности во кујната, па веруваме дека ќе го пробате уште денес.

Потребно ви е:
1 пакетче готов микс за браунис колачиња
1 ½ шолја преполовени, исчистени јаготки
250g чоколадо
½ шолја слатка павлака
Подготовка:
Испечете ги браунис колачињата според упатството, а откако малку ќе се оладат, наредете ги јаготките.

Направете го сосот од чоколадо и слатка павлака, па прелијте врз јагодите.

Ладете околу 15-20 минути, па исечете коцки.

loading...