Даночните реформи не се договорени, ќе следи дебата

АКЦИЈА
loading...

Зоран Заев на новинарско прашање за тоа до каде е постапката со подготовката на даночните реформи рече дека нема да брзаат, туку ќе отворат дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, а целта како што вели тој е да постигнеме позитивни и квалитетни ефекти.

– Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите анализи, сите податоци и детали, за да биде квалитетна дебатата со внимателно слушање на граѓаните. Така и ќе постапиме, а евентуалното донесување на ваквите закони пред 1 јануари 2019 нема да влезе во имплементација. Заедно, Владата со Парламентот ќе оцени кога е вистинското време да ја отвориме дебатата. Не сакаме да се отвори во време кога очите на граѓаните се вперени кон други важни работи за Македонија, веројатно ќе ја отвориме во соодветно време кое ќе продуцира квалитетна дебата, рече Заев при означувањето на почетокот на градба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Премерот ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок.

Според него, тоа е потребно за да можат да се спроведат и другите социјални аспекти, а дебатата ќе се спроведе демократски, предводена од граѓаните, за на крај да се донесе и конечната одлука.

loading...