Обвинението за 27 април прифатено, се чека датум за почеток на судењето

АКЦИЈА
loading...

Обвинението за 27 април прифатено, се чека датум за почеток на судењето

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го прифати во целост обвинителниот акт за настаните од 27 парил, 2017 кои се случија во Собранието на Република Македонија. Од судот соопштуваат дека откако ќе биде формиран кривичен предмет, ќе биде закажан и термин за главна расправа, а за датумот јавноста дополнително ќе биде известена.

„Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа не јавна седница за оценка. По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост”, се вели во соопштението на судот.

Меѓу вкупно 30-те опфатени со обвинението се и поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски), дел од организаторите на протестите За заедничка Македонија (Игор Дурловски, Богдан Илиевски – Бетмет, Владо Јовановски, Борис Дамовски)…

Сепак, во ова обвинение не се опфатени евентуалните нарачатели на упадот. Кога на 27 март годинава беше покренато обвинението, од обвинителството најавија дека ќе продолжи истрагата.

loading...