Апасиев: Првиот дел од Договорот е „погубна правна пречка“

АКЦИЈА
loading...

Првата пречка е претседателот на Републиката зашто „и да помине ратификацијата на договорот во македонското собрание следува суспензивно, а по повторено гласање за договорот во парламентот и таканареченото џебно вето“, вели Апасиев во гостувањето на 1Tv.

Според професорот, втората правна пречка е Уставниот суд кој ќе го поништи зашто договорот е спротивен на Уставот, а меѓународниот договор не е посилен. Дополнително, постои и правен преседан од 2002 година кога уставниот суд го поништи токму меѓународниот договор со Грција околу „Окта“.

Трета пречка ќе биде референдумот. Тој не може да биде консултативен туку обврзувачки. „Ако граѓаните на референдумот за независност во 1991 ‘пресудил’ дека сака неговата земја да се вика Република Македонија“ сега треба исто така на референдум ‘да пресуди’ за промена на името.

За тоа, вели Апасиев е потребна висока излезност – околу 900.000 граѓани и додава за прв пат се отвора можност да дојде до израз „нашиот сеирџиски менталитет“ со седење дома нешто да се постигне.

Четврта пречка е промена на Уставот во Собранието каде е потребно да се обезбеди двотретинско мнозиннство, а тој не верува дека опозицијата би се осмелила да гласа за тоа.

Конечно и како последна пречка Апасиев ја гледа во грчкиот парламент каде за ратификацијата треба да гласаат три петини од пратениците односно 180 од вкупно 300 пратеници.

Тоа може да биде неизводливо имајќи ја предвид изјавата на Панос Каменос од Независни Грци кои се противат на терминот Македонија во името и кој рече дека нема да гласа за ратификација.

loading...