Зошто ноќниот живот во Скопје не го бива?

АКЦИЈА
loading...

Дури и дискотеките и ноќниот живот повеќе не се исти, какви што биле некогаш. Во минатото можеше да бираш каде ќе одиш, додека денеска местата за излегување можеш да ги изброиш едвај на една рака.

Зошто замира ноќниот живот во Скопје, која е причината?

Дали младите нема каде да излегуваат или немаат пари за трошење…

-Се сеќавам јас, излегувавме од четврток до недела. Едвај се чекаше за да дојде времето за да излеземе, да се забавуваме. Се знаеше. Не се правеше договор. Се собиравме таму. Бевме и големо друштво. Беа убави времиња. Сега споредувам со младите, не знаат да се забавуваат, не знаат да излезат, раскажува скопјанката Наташа.

Како една од главните причини поради тоа што помалку млади излегуваат во последниве години е тоа што забавувањето не е евтино.

-Во минатото речиси сите беа исти. Немаше целосно богати или сиромашни. Сите бевме исти. Никој пред никого не се докажуваше. Додека денеска не е така. Ако излезеш мораш да имаш фалаша до тебе. Така се докажуваш дека си моќен, вели Столе.

За да си поминете една убава вечер во Скопје, потребни се 3.000 денари, а тоа и не е воопшто малку. Од таа причина и многу млади се одлучуваат да се дружат во домашна атмосфера.

СКОПЈЕИНФО.МК

loading...