Треба добро да размислиме кога ќе избираме претседател, порача Димитров

АКЦИЈА
loading...

„Прашањето за името е многу крупно и не знам кој во овој момент мисли на претседателските избори, но она што сакам да го порачам е дека треба добро да размислите кога следен пат ќе избираме претседател на државава“, одговори Димитров во вечерашното интервју на Топ тема на прашањето дали смета дека би бил подобар во извршувањето на функцијата министер за надворешни работи или претседател на Република Македонија.

„Многу сум искрен кога велам дека толку е крупно прашањето за решавање на спорот за името, што не знам кој мисли на претседателските избори. Видов преку функцијата национален кординатор на НАТО дека независно на какво столче седите и на каква позиција сте, многу поважно е каков човек сте, отколку каква функција носите. Треба добро да размислиме кога следен пат ќе се избира претседател на државава“, порача шефот на македонската дипломатија, Димитров.

Во врска со критиките што се појавија во јавноста дека со ставањето потпис на договорот за промена на името во Република Северна Македонија тој е предавник, Димитров одговори дека се обидува да го игнорира ова и дополни дека нема попатриотска должност од тоа Македонија да се крене на нозе.

„Напишав статус пред да дојдам да гостувам во емисија: „На каков јазик зборувате во Македонија, не зборуваме, скарани сме”. Нема попатириотска должност од тоа Македонија да застане на нозе”, рече Димитров.
На прашањето што ако Договорот за решавање на спорот со името не биде изгласан на референдум, Димитров рече дека Владата има цврста позиција и дека ќе ја следи волјата на граѓаните.

„Тоа што е јасно е дека ние како Влада имаме цврста позиција дека ќе ја следиме волјата на граѓаните и ќе излегуваме ако треба секој ден и 10 и 100 пати ќе објаснуваме зошто мислиме дека ова е добра работа. Тоа значи дека си ја земаме одговорноста во свои раце. Не знам каков ќе биде ставот на опозицијата, но убеден сум дека граѓаните ќе застанат зад оваа работа со договорот. Убеден сум дека огромно мнозинство ќе го поддржат овој правец”, изјави Димитров.

loading...