Случај „Окта“ – доказ дека Уставниот суд може да го укине договорот за името

АКЦИЈА
loading...

Дали може Уставниот суд на Македонија може да му пресуди на Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за името односно да го укине е прашање на кое е извесен потврден одговор ако се земе предвид дека во 2002 година судот веќе има укинато еден билатерален односно меѓународен договор меѓу двете земји.

Имено, во 2002 година Уставниот суд го укина билатералниот договор за нафтоводот на ОКТА, потпишан во 1999 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше премиер Љупчо Георгиевски.

Станува збор за договор кој и обезбедуваше монопол на „Окта“ во снабдувањето на нафтени деривати преку нафтоводот.

Според судот, иако постоело дилема дали може да се оценува меѓународен договор судиите се одлучиле на преседан, бидејќи станува збор за правен акт односно закон кој мора да биде во согласност со Уставот.

емагазин

loading...