Кои ја поздравија ратификацијата на договорот?

АКЦИЈА

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот профил на Твитер ја поздрави ратификацијата во македонскиот Парламент на Договорот за спорот со името.

„Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори”- напиша Хан.

Тој, заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, посредникот во спорот Метју Нимиц и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло беа на потпишувањето на Договорот во неделата во Преспа.

Коизвестителите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Лиза Кристоферсен и Валериј Гилечи, го поддржаа договорот за името, сметајќи го за историски и важен за европската иднина на Македонија.
По потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција и ПЈРМ започнуваат нова ера на пријателство, соработка и стабилност, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите и изрази убеденост дека Договорот ќе добие мнозинство во грчкиот парламент.

Паралелно, тој објасни дека преку зборови и обиди да сфатат граѓаните кај нас дека решението е во корист на двете земји, Грција ќе ги поддржи напорите што ги прави македонскиот премиер.

loading...