Хрватска ја декласираше Аргентина (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Хрватска со убедливи 3-0 ја победи Аргентина во дербито од групата Д, Хрватите одат во следната фаза, а Аргентинците можеби ќе почнат да ги пакуваат куферите.

Хрватска одигра маестрален натпревар против Аргентина која и овој пат изгледаше немоќно на теренот. Сампаоли не го погоди составот, Гаучосите не се подготвени за ова Светско првенство и тоа е очигледно.

Првото полувреме беше израмнето, со по некоја шанса и на двете страни, но мрежите мируваа.

Резултатот беше отворен по осум минути игра во вториот дел кога Кабалеро направи несфатлива грешка, тоа го искористи Ребиќ кој ја закова топката во мрежата на Аргентина за водство на Хрватска од 1-0.

Аргентина тргна кон изедначување, но тешко одеше, имаа една шанса преку Меса кој од близина не успеа да ја протне во голот на Хрватска.

Натпреварот беше решен во 80. минута кога Лука Модриќ постигна прекрасен погодок од далечина за водство од 2-0.

Во судиското продолжение уште еднаш се тресеше мрежата на Кабалеро, овој пат Ракитиќ постигна гол за победа од 3-0.

Со оваа победа Хрватска на коло пред крајот обезбеди осминафинале, а Аргентина е пред елиминација. Мора да ја победат Нигерија во последното коло, но да чекаат и Исланд што ќе направи против Хрватска

loading...