А демант од Заев на изјавите на Ципрас дека со Договорот не се признава македонската нација

АКЦИЈА
loading...

Не слушнавме демант од Заев на изјавите на Ципрас дека со Договорот не се признава македонската нација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М истакна дека досега никој не ги демантираше изјавите на премиерот и министерот за надворешни работи на Грција дека не постои македонската нација.

-Сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава, Ципрас, претходно министерот Коѕијас, а јас од наша страна на нивните изјави не слушнав ниту еден демант. Дека тоа што тие го говорат не е точно. Напротив, слушам молк, а молчењето многу пати во минатото подразбирало и одобрување, рече Мицкоски.

Вели дека не е точен аргументот на Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот.

-Не е точен аргументот дека сочувани се националниот идентитет на Македонците и сочуван е јазикот бидејќи тоа се стекнати права. Можете да забележите и дискусија на експертската јавност на Македонија. Апсолутно, не може тоа некој да го прикажува преку една димна завеса во јавноста дека тоа е некаква придобивка за македонскиот народ или Македонците. Едноставно е, ние не само што не ги задржавме тие стекнати права, туку и ги изгубивме, потенцираше Мицкоски.

loading...