ВМРО-ДПМНЕ ќе го праќа договорот со Грција на оценување пред Венецијанската комисија

АКЦИЈА
loading...

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев. Според него, злоупотребени се процедурите, а прекршени се законите.

„Ако овој договор е толку добар за Република Македонија, зошто Владата бега од дебата? Ова е самоволно и шверцеско однесување на власта. Ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Првин изборот на Џафери за т.н. претседател на Собранието, потоа законот за двојазичност, па сега договорот со Грција. Зошто договорот со Бугарија се разгледуваше во Комисијата за надворешни работи, а овој во Комисијата за европски прашња? Затоа што власта сака да го протурка на мала врата“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Данев повтори дека точно е пропишано каде се употребува европското знаменце. Употребата на европското знаменце на договорот со Грција е злоупотреба, тврди пратеникот.

„Власта на Зоран Заев не сака да ги чуе критиките на јавноста. Зошто прифати договор што го менува Уставот и го уништува идентитетот, зошто прифати модерен геноцид – на овие прашања Заев одбегнува да одговори“, додава Данев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата предводена од СДСМ знае дека со начинот на кој постапува го крши Уставот и нема да добие легитимитет.

„Седницата за пратенички прашања закажана за утре е против Деловникот и се надевам дека ќе биде одложена“, додава Данев.

Галена Николовска-Ризвановиќ, Макфакс

loading...