Власта ја попречува Каракамишева да ја претставува Македонија во Венецијанската комисија

АКЦИЈА
loading...

Професорката на скопскиот Правен факултет, Тања Каракамишева, член на Венецијанската комисија, денеска на социјалната мрежа Фејсбук објави опструкции и обид за спречување да ја извршува на нејзината должност, од страна на Министерството за правда.

– За прв пат од постоењето на Македонија како независна држава еден член на Венецијанската комисија кој ги претставува интересите на државата, ќе оди на мисија во Комисијата БЕЗ ДОСТАВЕНО, А ВЕРОЈАТНО И БЕЗ ИЗГОТВЕНО СЛУЖБЕНО РЕШЕНИЕ И ПАТЕН НАЛОГ- напиша Каракамишева.

Во текстот таа вели дека е оставена на цедило без патен налог потпишан од раководното лице на Министерството за правда. Ова е прв пат Македонија како независна држава, да не ги почитува државните интереси и должности на институциите.

– Јас, денеска, сепак заминувам во Венеција и покрај сите опструкции и нечесни игри ОСТАНУВАМ ПРОФЕСИОНАЛНА И НА НИВО НА ДАДЕНАТА ЗАДАЧА- одлучи Каракамишева.

Венецијанската комисија е највисокото европско тело за легислатива на Советот на Европа, која има мандат да дава правни совети на земјите членки и да им помага во прилагодувањето на домашната легислатива со европската.

Каракамишева стана член на Венецијанската комисија на почетокот од 2016 година.

Следува Фејсбук статусот во кој професорката алармира за преседанот:

ДА СЕ ЗНАЕ!

Овој раководен состав на Министерството за (не)правда на РМ СИ ГО ПОКАЖА ЦЕЛИОТ СВОЈ НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, НЕКАДАРНОСТ, НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТ И НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

За прв пат од постоењето на Македонија како независна држава еден член на Венецијанската комисија кој ги претставува интересите на државата, ќе оди на мисија во Комисијата БЕЗ ДОСТАВЕНО, А ВЕРОЈАТНО И БЕЗ ИЗГОТВЕНО СЛУЖБЕНО РЕШЕНИЕ И ПАТЕН НАЛОГ!!!

Во своите 27 години постоење, ниту еден член на Венецијанската комисија не е оставен вака на цедило и не е пратен на пат без службено решение потпишано од раководното лице на Министерството ама ете секогаш имало прв пат!

Јас, денес, сепак заминувам во Венеција и покрај сите опструкции и нечесни игри ОСТАНУВАМ ПРОФЕСИОНАЛНА И НА НИВО НА ДАДЕНАТА ЗАДАЧА!

Горда сум што на оваа сесија УШТЕ ЕДНАШ ќе ја претставувам Македонија како известител на студија изработена од мене и уште двајца други члена!

Македонија и интересите на мојот народ ми биле и секогаш ќе ми останат на прво место!

Ве поздравувам сите, поздрав и до сите вработени во Министерството за (не)правда!

За некој ден уште еднаш ќе имам чест да ве израдувам со убава вест директно од местото на случувањата!

Расипаните, дворските и подли игри што се играат околу мене МЕ НАПРАВИЈА НАЈСИЛНА!!!

УШТЕ ЕДЕН ИЗВЕШТАЈ ПОДГОТВЕН ОД МАКЕДОНКА ЌЕ ГО ЗАОБИКОЛИ СВЕТОТ!

 

Извор: Денешен.мк

loading...