ХИМНА ЗА ЗОРАН ЗАЕВ – ЧОВЕК ШТО ЗНАЕ НАРОД ДА СЛУША

АКЦИЈА

Ова било ставено на Јутубето уште во 2009-та а ние допрва дознаваме. Гррр. Џабе се изнаслушавме секакви глупости во меѓувреме. Ова е тоа.

Два вокала од кои едниот со малку “блеечко” вибрато, мелодија просечна/пристојна/незабележлива и текст од кој се дознава дека:

– Господ гледа на Струмица (а затоа пропушти војна во Сирија!)
– Заев е највреден, нормално.
– Сонот станал јаве (цирка 2009-та)
– За Заев рака даваме (не џанам дека дошол Шеријат)
– Старо и младо, нормално.
– Штом стих заврши со ‘душа’, јасно ти е дека римата е ‘слуша’ (убаци ‘скуша’ да те видам!)

Офкорс дека песна со ваква тема (да го опеваме лидерот) тешко да биде нормална. Муабетот ни е за тие на кои им прават вакви песни:
– Не им е бе незгодно кога слушаат?

Доста мудрување, време е за музика.

Совет: пред да стиснете плеј, отидете до веце, јадете, пораснете ги децата… Видеото трае девет минути:

ОФФ.нет

 

loading...